3 витамини кои го закрепнуваат целиот организам: Подмладуваат и го зајакнуваат телото, а по 40-те години се задолжителни

Точка

21/11/2020

11:46

11.572

Големина на фонт

а а а

Добро е познато дека на телото по 40-та година од животот му е потребна поголема и поквалитетна нега, а најдоброто што можете да го направите за организмот е да внесувате доволна количина на витамини.

Најмоќни меѓу нив се витамините Б12, Ц и Д. Доколку имате дефицит на овие витамини, организмот ќе биде на удар на многу заболувања, ќе се чувствувате исцрпено и уморно, а и кожата ќе ви изгледа лошо. 

Еве како секој од нив влијае врз здравјето и зошто е важно да му обезбедите на телото доволна количина од нив:

Витамин Б12

Витаминот Б12 е одговорен за правилен развој и функционирање на мозокот и многу други делови од телото. Витаминот Б12 е нутриент кој го чува здравјето на нервите и клетките на крвта и го поддржува создавањето на ДНК, генетски материјал во сите клетки. Овозможува брзо, рамномерно и ефикасно пренесување на нервните импулси, а токму таа комуникација нѝ овозможува да се движиме, слушаме, гледаме.


Поради современиот начин на живот кој подразбира брзо темпо, воглавно се случува да не внесуваме доволна количина од овој витамин, а тоа може да претставува голем проблем. Недостигот од витамин Б12 ја зголемува можноста за појава на Алцхајмерова болест, кардиоваскуларни заболувања и анемија, проблеми со кожата и косата, концентрацијата, но може да доведе и до мозочен удар.

Доколку имате недостиг на витамин Б12, црвените крвни зрнца не можат да пренесуваат кислород до нашите органи, што им е основна функција.

На телото можеме да му го обезбедиме овој витамин преку исхраната, а намирниците во кои го има во изобилство се: говедски џигер, говедско месо, пастрмка, лосос, туна, млеко, сирење, јајца, пилешко месо и јогурт.

Витамин Д

Во последно време често се зборува за поволните влијанија на витаминот Д врз здравјето, па веруваме дека добро знаете дека тој игра значајна улога во правилната работа на организмот и јакнење на имунолошкиот систем. Без силен имунитет нема здраво тело, па затоа е многу важно редовно да го внесувате овој витамин и пред 40-та година.

Некои научници веруваат и дека витаминот Д дејствува речиси како хормон, а голем дел од имунолошкиот систем има рецептори за витамин Д. Поради своето значење, витаминот Д е сместен на листата на есенцијални лекови на СЗО, листа на препарати неопходни за здравствениот систем да биде безбеден и ефикасен.


Во период кога нема многу сонце, потребно е да се надомести неговиот недостиг со намирници. Во овие намирници има најмногу витамин Д: риба, печурки, козјо сирење, сок од портокал, полномасен јогурт, полномасно млеко, житарки, жолчка од јајце и туна.

Витамин Ц

Овој витамин учествува во повеќе од 300 биолошки процеси во организмот, а преку бројни истражувања е потврдена неговата неопходна улога во одвивањето на имунолошките реакции, односно во создавањето колаген кој е важен за зачувување на здравјето и интегритетот на кожата, слузницата и непцата.

Витаминот Ц е силен антиоксиданс кој може значајно да го зајакне имунитетот. Тоа го прави така што ги штити клетките од штетните молекули наречени слободни радикали кои предизвикуваат оксидативен стрес и многу хронични заболувања.

Секојдневното земање витамин Ц е од голема важност за доброто здравје, виталноста и младешкиот изглед, ја одржува правилната работа на имунитетот и ја враќа изгубената енергија. Во овие намирници го има најмногу: црвена пиперка, киви, портокал, лимон, јагоди, диња и прокељ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг