„Ова нова мода ли е?“ Поделени реакциите за новата тетоважа на Панчо од ДНК

Точка

14/11/2020

22:24

6.371

Големина на фонт

а а а

Владимир Блажев Панчо го истетовира составот на македонската фудбалска репрезентација која со победата над Грузија (1:0) ја одведе Македонија на Европското првенство во 2021 година.

„Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи. Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех. Браво момци, херои наши“ напиша популарниот пејач, а воедно и „ди-џеј“.

Дел од јавноста му се воодушевува и го поддржува, но има и такви кои го осудија. Ни помалку, ни повеќе - една од нив е македонска фубалска репрезенативка.

Афродита Салихи на објавата нашиша коментар во кој што вели:

„Ова нова мода ли е? После глупоста на Тамара и овој се мрднал. Да земам јас Адем Јашари да го истетовирам“




Спонзорирани линкови

Маркетинг