Радувај се Македонијо, одиме на Европско!!!

Точка

12/11/2020

19:51

4.129

Големина на фонт

а а а

Македонската репрезентација успеа да го добие историскиот натпревар во Тбилиси на Динамо Арената, против домашната селекција на Грузија, во финалето на Лигата на Нации.

Македонија за првпат во својата историја е на еден голем фудбалски собир.  

Во првото полувреме нашата репрезентација беше резервирана и внимателна. Имавме само една шанса, и тоа преку искусниот Горан Пандев, чиј удар со глава од 15-тина метри со крајни напори го одбрани грузискиот голман.

Вториот дел започна одлично. Елмас прими топка по левата страна на теренот, направи неколку дриблинзи, одигра двојно со Пандев, а "Гранде Горан", погоди за водство и историја.

Нема да претераме ако кажеме дека ова е најубавиот гол на Пандев во неговата кариера! Ако не најубав, тогаш дефинитивно најважен!

Радувајте се Македонци, Македонија е на Европско!



Спонзорирани линкови

Маркетинг