Во текот на изминатиот ден имаше два посилни земјотреси кои ги вознемирија граѓаните.
Имено, првиот земјотрес ја разбуди речиси цела Македонија во 4:55, со оглед на магнитудата од 5.5 степени, со епицентар во селото Леуново, во близина на Маврово.
Попладневниот земјотрес беше почувствуван во повеќе градови низ државата, меѓу кои и Скопје.
Ова беше вториот земјотрес во текот на вчерашниот ден. Истиот беше почувствуван во 15:25, со јачина од 4.8 степени.
Имено, утрово на Јутјуб се појави снимка од викендица во Маврово, речиси од епицентарот на првиот земјотрес, на која се гледа како буквално се тресе сè.