Ова е втор земјотрес по јачина, по утринскиот кој беше со магнитуда од 5.5 степени.
Попладневниот земјотрес беше почувствуван во повеќе градови низ државата, меѓу кои и Скопје.
Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар по првиот најсилен земјотрес, во Македонија бележи уште четири земјотреси со јачина од 2,8 до 3,8 степени според Рихтер. Земјотресот е со епицентар во Кичево, според интернет сервисот „Earthquake“.