Се обратил претседателот: "Барате предавник? Јас ќе ви кажам кој е"

Точка

11/11/2020

18:29

3.859

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Нагорно-Карабах, Араик Арутјунјан ги повикал граѓаните да не бараат предавник поради примирјето во таа област.

"Ќе ви кажам кои се предавници: првиот пат, на 3-ти октомври, кога непријателот ги зазема Матагис и Талис, загрозен беше целиот северен сектор откако во областа Јегхиникер трупите панично бегаа, а немавме човечки ресурси да ги задржиме нашите момчиња во позадина". 

Како што додал, тогаш решил тој да оди на првата линија на фронтот.

Ми стана јасно дека дел од трупите беа во паника, не одбранбената војска, не вооружените сили, туку оние на првата линија - доброволците и останатите - рекол Артјунјан.

Тој рекол дека оној ден кога со специјалните дивизии требало да оди на првата линија на фронтот, најмоќните елитни единици "NSS" кои дошле во Нагорно-Карабах од Ерменија одбиле да одат на фронт.

"Ги прашав, ги молев, реков дека ќе бидам пред сите, но тие не дојдоа и го оставија претседателот на земјата сам да оди на првата линија на фронтот. Денес го кажувам ова бидејќи сум принуден да ги прашам зошто ја одбија мојата молба", вели тој.

Додал дека му се приклучила мала група и дека благодарение на неа Јегхиникер останал под контрола на Нагорно-Карабах.

"Пред неколку дена руски воен аналитичар процени дека ни се потребни 80.000 до 100.000 луѓе или во спротивно ќе изгубиме. Не сакам да кажам колку луѓе пристапија, ја напуштија групата или оставија момчиња од 18 години сами", рекол тој.

Прочитал и два извештаи за тоа како две девизии пишале дека одбиваат да учествуваат во планираната воена операција.

"Одбија дури и да заземат положба. Кој ја продаде земјата? Сите ја продадовме, ги предадовме своите војници, деца од 18 и 20 години", заклучил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг