Во кинескиот град Вухан од мај оваа година не е забележана локална трансмисија на коронавирусот, иако овој град беше главното светско жариште од каде што започна да се шири вирусот.
Додека голем дел од Европа е веќе во карантин, на другиот дел од светот, од таму каде што се прошири вирусот, ситуацијата е сосема поинаква. Илјадници луѓе ја прославија Ноќта на вештерките, а иако епидемиолошката ситуација е поволна, најголемиот дел од луѓето носат маски.
Според актуелните податоци, во Кина моментално има само 363 активни случаи на коронавирусот. Во Вухан, ситуацијата е апсолутно под контрола.