Се исплатеше карантинот подолг од 100 дена: Австралија без ниту еден нов случај на Ковид-19 за првпат по 5 месеци

Точка

01/11/2020

12:41

3.265

Големина на фонт

а а а

Во Австралија денеска нема ниту еден нов заразен со коронавирус за првпат по речиси 5 месеци, соопштија здравствените власти на оваа земја.

Во австралиската држава Викторија во која се забележани дури 819 смртни случаи поврзани со вирусот, нема ниту еден новозаразен во последните 24 часа, додека веќе втор ден нема ниту еден починат. 

„Со оглед на фактот што во остатокот од земјата не се забележани нови случаи на коронавирус, Австралија го дочека првиот ден без пренос на вирусот од 9 јуни“, изјави министерот за здравство, Грег Хант.

„Им благодарам на сите наши неверојатни здравствени работници и пред сè на австралискиот народ“, навел Хант на својот Твитер профил.

Брзите и строги мерки во комбинација со дисциплината на нацијата се заслужни за совладување на пандемијата и спречување на преоптоварување на здравствениот систем. Со тоа, сега полека се опуштаат и рестрикциите кои се сметаат за едни од најтешките и најдолгите во светот. Карантинот во Викторија траеше дури 111 дена.

Австралија пријави нешто повеќе од 27.500 случаи од почетокот на пандемијата, а починаа 907 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг