Протести во Италија поради воведувањето на рестрикциите: Пресметка на полицијата и демонстрантите во Фиренца

Точка

31/10/2020

14:01

1.290

Големина на фонт

а а а

Во судирите кои избија синоќа во Фиренца помеѓу полицијата и демонстрантите кои протестираа против повторното воведување на рестрикции поради пандемијата на коронавирусот, уапсени се околу 20 демонстранти.

Околу 200 луѓе синоќа се собраа во центарот на градот и беа спречени да стигнат до плоштадот „Пјаца дела Сењорина“, еден од главните туристички плоштади во градот.

Во тие моменти избиле и првите судири помеѓу полицијата и демонстрантите. Некои од демонстрантите ја нападнале полицијата со молотови коктели и камења, а кршеле корпи за отпатоци и надзорни камери.

Во Болоња на североистокот на Италија исто така излегоа луѓе на протест. Во најголем дел станувало збор за млади лица, а забележани биле и нацистички поздрави, пренесува „Ла Република“.

Демонстрации проследени со вандализам и судири со полицијата беа одржани во текот на оваа седмица и во Рим, Милано, Неапол и Торино.

Во петокот во Италија беа регистрирани дури 31,084 новозаразени, што е нов рекорд во оваа земја која беше меѓу најпогодените во светот од првиот бран на вирусот. Поради тоа, италијанската влада воведе таканаречен „полу-карантин“, полициски час во повеќе области, затворање на рестораните и баровите во 18:00 часот, како и спортските и кино салите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг