Оваа жена учи мажи како да вршат домашни работи - и заработува илјадници

Точка

30/10/2020

15:26

833

Големина на фонт

а а а

Иако признала дека никогаш не била тип за домаќинство и често се борела со вршење на домашните работи, дури кога добила деца, сфатила колку многу работа има околу одржувањето на домот.

Во многу семејства повеќето домашни работи обично ги завршува жената, а многу мажи воопшто не знаат ни како се прават оние наједноставните. 

Поради тоа, Велвет Гарви, мајка од Квинсленд во Австралија, одлучила да ги учи мажите за домаќинските работи нудејќи он-лајн упатства.

Поставила интернет платформа со име "Train My Mate", која мажите ги учи на основите при вршењето на домаќинските работи. Се состои од кратки видеозаписи во кои нејзиниот сопруг, Сем Чампман, ги следи нејзините упатства и ги врши сите работи. Нејзините лекции вклучуваат се, од перење на алишта, до чистење на бањата.

Го осмислив овој концепт како едно место каде мажите може да се подучуваат едни со други, заедно да размислуваат и да решаваат проблеми, објаснила таа.

Иако признала дека никогаш не била тип за домаќинство и често се борела со вршење на домашните работи, дури кога добила деца, сфатила колку многу работа има околу одржувањето на домот.

"Не знаев да направам ништо. Се чувствував како вистински, традиционален маж во својата врска", открила таа.

Со кратко пребарување на интернет открила дека речиси 75 проценти од жените ја губат привлечноста кон партнерот поради нивното слабо и непостоечко знаење за вршење на домашните работи. Исто така сфатила дека тоа е еден од најголемите проблеми во долготрајните врски.

Велвет се надева дека нејзините видеа ќе им помогнат на паровите помалку да се караат, но и да чувствуваат помалку стрес. Ако некој чувствува тензии, а расправиите се околу домаќинството, полесно е да се погледне краткото видео и да се заврши работата, тврди таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг