Патувате во Германија? Еве какви мерки ве чекаат од следната недела

Точка

30/10/2020

20:56

6.682

Големина на фонт

а а а

Новите мерки ќе траат четири недели, а стапуваат на сила на 2-ри ноември.

Германските медиуми ги објавила мерките на германската Владата и сојузните држави кои сакаат да спречат нагло растење на бројот на новозаразени со коронавирус. Новите мерки ќе траат четири недели, а стапуваат на сила на 2-ри ноември. 

Еве како франкфуртското "Хит Радио ФФХ" најкратко ги објави мерките кои ќе се применуваат од понеделник.

Угостителските објекти во ноември ќе бидат затворени. Оставена е можност за достава на храна, а отворени ќе останат кантините.

Училиштата и градинките во ноември ќе продолжат со работа. Притоа учениците мора да се придржуваат до веќе донесените хигиенски мерки.

Продавниците и трговските центри ќе останат отворени, но во продавниците не смее да има повеќе од еден купувач на 10 метри квадратни.

Хотелите и туристичките понуди во Германија во ноември ќе бидат затворени. Исклучок ќе бидат службени патувања и итни патувања.

Заеднички престој на јавно место им е дозволен на десет лица од најмногу две домаќинства. Кршењето на оваа мерка строго се казнува.

Забавните настани не се дозволени ни во ноември. Тоа вклучува театри, концертни сали и кино-сали.

Верските служби и натаму ќе бидат дозволени со строго почитување на хигиенски мерки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг