Потресно сведоштво од битолската болница: Отишле да го посетат и го пронашле мртов, никој од персоналот не ни забележал

Точка

30/10/2020

10:30

9.258

Големина на фонт

а а а

Пациенти препуштени сами на себе без грижа, а за починатите не ги известуваат членовите на семејството – вака изгледа сликата за Клиничката болница во Битола која ја опишаа роднините на 79-годишниот Трајко Бојоски.

Бојоски во понеделникот починал на Интерното одделение, а до вчера неговото семејство не добило отпусна листа, ниту знаат од што починал. 

Како што велат неговата сопруга и ќерка, 79-годишниот маж неколку пати бил приман и враќан, а по часови убедување со докторите, во неделата бил примен на Интерното одделение во болницата. Тој примал само симптоматска терапија, како што вели ќерка му, а другиот ден го нашле врзан за креветот откако веќе еднаш паднал од него.

„Мажот ми беше целиот изврзан како на бесилка. Рацете врзани за креветот и провиснати надолу и нозете врзани и расчекорени. Јас се запрепастив и барам сестра, ама нема“, вели сопругата Блага Бојоска за „Алфа ТВ“.

При втората посета до вечерта, членовите на семејството го пронашле Трајко мртов без претходно да бидат известени и според нив, никој ниту го погледнал.

„Болницата е во тотален колапс. Таму единствено што функционира е обезбедувањето. Одделенијата се празни, ништо не ни дадоа и не не известија. Пациентот починат, оставивме два мобилни телефони за контакт, апсолутно никој не не контактираше, а нивни број за контакт не даваат за да прашаме за нашиот пациент. Во која држава, со кој систем Филипче ова го развива, кое здравство и која Клиничка болница?“, изјави ќерката Гордана Пресилка.

Целиот текст прочитајте го на следниот линк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг