Нов луксузен џип од Кореја: Запознајте го Genesis GV70

Точка

29/10/2020

18:23

1.611

Големина на фонт

а а а

Новиот џип, втор во гамата на Genesis после поголемиот GV80, има карактеристичен дизајн за овој млад корејски премиум бренд.

Корејскиот производител објави фотографии од стандардната верзија, како и моделот GV70 Sport, за кој што вели дека има уникатни 21-инчни алуминиумски фелни и специфични стилски елементи.


Во внатрешноста доминира големиот екран на инфотејнмент системот и дигиталните команди на климата на посебниот дел од командната табла.


Техничките детали и моторизацијата на новиот џип на Genesis засега не се објавени, а ќе бидат познати после официјалната премиера на GV70 која ќе се одржи кон крајот на 2020-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг