Маркус Рашфорд со уникатно достигнување во Манчестер Јунајтед кое му успеало само на Оле Гунар Солскјер

Дерби

29/10/2020

10:14

858

Големина на фонт

а а а

Екипата на Манчестер Јунајтед одигра уште еден одличен натпревар во Лигата на шампионите и со убедливи 5:0 славеше против тимот на Ред Бул Лајпциг.

„Ѓаволите“ го надиграа својот противник во последните 25 минути од натпреварот кога на сцена стапи еден од најдобрите играчи на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.

22 годишниот офанзивец влезе од клупата за резервни фудбалери при резултат од 1:0 и за кратко време успеа да го растури противникот од Германија.

Рашфорд постигна хет-трик, со кој му помогна на својот тим да стигне до убедлива и неочекувана победа против незгодниот Лајпциг.

Маркус Рашфорд со овој хет-трик стана само вториот играч во историјата на Манчестер Јунајтед на кој му успеало да постигне три гола откако ќе влезе од клупата за резервни фудбалери.

Претходно тоа единствено му успеало на тренерот на Рашфорд, Оле Гунар Солскјер кој во дресот на „ѓаволите“ постигнал хет-трик како замена во далечната 1999 година против Нотингем Форест.



Спонзорирани линкови

Маркетинг