Силната прегратка привлече внимание: Куман откри што му порачал на Меси по победата над Јувентус

Дерби

29/10/2020

10:11

1.165

Големина на фонт

а а а

Барселона ја оствари и втората победа во новата сезона во Лигата на шампионите, но онаа синоќешното има огромно значење за првото место во групата, бидејќи каталонскиот гигант славеше на гостувањето кај директниот ривал за врвот.

Составот предводен од Роналд Куман славеше со 0:2 на гостувањето во Торино кај Јувентус, тим кој уште еднаш демонстрираше дека се наоѓа во фаза на мини транзиција по доаѓањето на Андреа Пирло, тренер чии идеи допрва треба да бидат апсорбирани од страна на фудбалерите на италијанскиот првак.

Барса речиси цел меч водеше со 0:1 и во самата завршница Меси од пенал ги постави конечните 0:2, а по крајот на натпреварот, голем впечаток остави силната прегратка која ја имаа Роналд Куман и капитенот на Барселона.

Лео сакаше да си замине од Барселона изминатово лето поради нарушен однос со претседателот Бартомеу, но кога него веќе го нема, беше навистина убаво да се види дека Меси има навистина добар и коректен однос со тренерот Куман.

– Мојот однос со Лео никогаш не бил комплициран. Кога првпат се сретнавме и состанвме, јасно ги искажавме своите ставови, а потоа кога тој се врати во тимот, прави се за тимот да победува. Единственото што му го кажав по крајот на мечот е тоа дека треба натпреварите да ги решаваме порано. Денеска заслуживме да имаме мирна завршница, – откри Куман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг