Уште еден голем бренд го исфрлува полначот од пакувањето?

Точка

28/10/2020

18:56

6.570

Големина на фонт

а а а

Од неофицијални извори пристигнуваат информации дека уште еден гигант би можел да тргне по стапките на компанијата Apple, односно од идната година да ги исфрлат од пакувањето адаптерот за полнење и слушалките.

Како што е веќе познато, Apple неодамна ја претстави новата генерација iPhone 12, а голема прашина во јавноста подигна информацијата дека во кутијата ќе има само телефон и кабел за полнење, односно нема да има полнач и слушалки.

Ваквиот потег Apple го оправда со „грижата за животната средина“, но без оглед на тоа, негативно е прифатен. Ривалите од друга страна ја искористија шансата да се пошегуваат на сметка на Apple, а во првите редови беа Samsung и Xiaomi.


Сега, во јужнокорејските медиуми се појавија информации според кои, идната година моделот Galaxy 21 на Samsung исто така ќе пристигне без полнач и слушалки во пакувањето. Други извори пренесуваат дека само слушалките би можеле да бидат исклучени, но поентата е помалку или повеќе иста.

Останува да видиме дали има вистина во ова, како и тоа дали Samsung ќе ја намали цената, нешто што Apple не го направи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг