Исполнете го домот со позитива: 5 растенија кои привлекуваат пари, среќа и љубов

Точка

28/10/2020

18:46

5.030

Големина на фонт

а а а

Многу од нив имаат магични способности и буквално можат да направат чудо.

Ставете едно од овие растенија во вашиот дом и ќе бидете изненадени од пријатните промени кои што ќе се случат.

Афричка љубичица

Овој цвет е погоден за ние кои што веќе се во брак, но доживуваат некакви потешкотии или пак сакаат само да ги избегнат. Љубичицата е симбол на лојалност, верност и наклоност. Со ова растение во домот не треба да се плашите од неверство.

Спатифилиум

Ова сложено име се преведува како „женска среќа, па со самото тоа и неговиот ефект кажува многу – носи љубов и внимание на луѓето во околината, моќно семејство, привлекува љубов и носи добро здравје за жените.

Хибискус

Кинеската ружа или хибискусот, како што се верува во Азија, нема да дозволи љубовта и страста да исчезнат со децении.

Красула

Ова растение се нарекува и „дрво на парите“, но не попусто. Според фенг шуи, тоа носи пари, привлекува благосостојба и енергија, но и богатство.

Антуриум

Антуриум е одговорен за среќата – сè е полесно за сопственикот на ова растение, добрите понуди доаѓаат во вашите раце, а лошите ќе бидат заобиколени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг