Еве зошто не е добро да внесувате премногу витамин Ц – може да дојде до овие 2 проблеми

Точка

28/10/2020

16:02

3.115

Големина на фонт

а а а

Витаминот Ц е есенцијална супстанца која е неопходна во секојдневната исхрана бидејќи влијае на подобрување на работата на сите органи, а со самото тоа и на целокупното здравје.

Помеѓу бројните здравствени придобивки, витаминот Ц го зајакнува имунитетот, го обновува сврзното ткиво, изобилува со антиоксиданси, го поттикнува производството на колаген, го чува видот, помага во лекувањето на настинки и разни инфекции и многу друго. 

Препорачаната дневна доза на витамин Ц изнесува 90 милиграми за мажи, 75 милиграми за жени, а пушачите и лицата кои боледуваат од артритис би требало да внесуваат дополнителни 35 милиграми секој ден.


Иако можеби ви се чини дека „што повеќе, тоа подобро“ е правилно и во овој случај, всушност претерувањето со внес на витамин Ц може да ги предизвика следните 2 проблеми:

Проблеми со дигестијата

Преголемата количина на витамин Ц во организмот може да предизвика проблеми со дигестијата како дијареа, мачнини и грчеви во стомакот.

Проблеми со камен во бубрезите

Експертите наведуваат дека постојат докази кои упатуваат на тоа дека високите дози на витамин Ц може да поттикнат одредени реакции кои предизвикуваат формирање на камен во бубрезите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг