Трамп рекол дека тој ставил крај на "400 години судири меѓу Србија и Косово"

Точка

28/10/2020

19:04

2.740

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на предизборниот собир во Небраска рекол дека токму тој ставил крај на 400 години убивање меѓу Србија и Косово, пренесува "RTK".

"Се траеше 20 минути. Се бореа 40 години, иако мислам дека се бореа 400 години, но сакаа да се договорат. Пред два месеци беа во мојот кабинет, се бакнуваа и се прегрнуваа. Беше лесно", рекол Трамп. 

Тој, зборувајќи за договорот кој бил потпишан во Вашингтон, рекол дека е прекинато 400 годишно убивање.

"Дали знаете дека сум номиниран за три Нобелови награди за мир, дали ви се верува? Кога станува збор за региони како Србија и Косово, правиме трговски договори. Реков, чекај малку, па зарем тие не се борат постојано едни против други? Како знам? Реков дека знам, тие постојано се тепаат меѓу себе", рекол Трамп, пренесува портпаролот на Белата куќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг