Се очекува Макрон денес да воведе нов "локдаун" за Франција

Точка

28/10/2020

13:18

2.584

Големина на фонт

а а а

Макрон би требало се да објави вечер во телевизиско обраќање до нацијата, а во текот на денот треба да одржи состанок со министрите во владата.

Францускиот претседател Емануел Макрон денес би требало да воведе национален локдаун за да се сопре ширењето на коронавирусот, јавуваат француските медиуми.


Додаваат и дека локдаунот би требало да трае четири недели. 

Макрон ќе и се обрати на нацијата вечерва

Објавата се очекува по рекордните бројки на заболени во таа земја, кои довеле до притисок на болниците, а пораснал и бројот на смртни случаи во таа земја.

Макрон би требало се да објави вечер во телевизиско обраќање до нацијата, а во текот на денот треба да одржи состанок со министрите во владата.

Премиерот Жан Кастекс денес се состанува со лидерите на синдикатите и опозициските партии за да се оправдаат строгите мерки.

Во големи делови на Франција, па и во Париз, на сила е полициски час, но властите велат дека тоа не е доволно за вирусот да се сопре.

Лекарите бараат локдаун

Бројни француски лекари повикале на локдаун и порачале дека 58 проценти од креветите на интензивна нега се зафатени.

"Владата не го зема во предвид тоа се случи во првиот бран и не научи доволно", рекол претседателот на Француската Федерација на болници, Фредерик Валету. Повикал на локдаун кој би траел еден месец и додал дека вториот бран ќе биде многу поразорен за болниците од првиот.

Економистите пак предупредуваат дека тотален локдаун би можел да влијае на цела Европа ако на истото се одлучат и други земји.

Во Франција вчера починале 523 лица од коронавирус, а се белажат по 380 нови случаи на 100.000 луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг