„Амазон“ вработи 100.000 луѓе во пресрет на празниците

Макфакс

27/10/2020

20:32

1.226

Големина на фонт

а а а

„Амазон“ денес објави дека ангажирал 100.000 луѓе во пресрет на празниците, што го потврди добриот бизнис на овој гигант за електронска трговија.

Овие нови привремени работни места се додадени на големите кампањи за вработување на компанијата во последните месеци организирани како одговор на порастот на нарачките преку Интернет од почетокот на пандемијата.

„Амазон“ имаше повеќе од 875.000 вработени ширум светот на крајот на јуни 2020 година.

Кон крајот на јули компанијата со седиште во Сиетл соопшти дека има вработено повеќе од 175.000 луѓе од март, од кои 125.000 ќе станат постојани работни места.

Во средината на септември компанијата отвори уште 100.000 работни места во САД и Канада.



Спонзорирани линкови

Маркетинг