Владата даде „зелено светло“ за набавка на лекот ремдесивир, како терапија за заболени од Ковид – ќе се одвојат 67.5 милиони денари

Точка

27/10/2020

19:23

2.150

Големина на фонт

а а а

На денешната 16-та редовна седница Владата ја разгледа информацијата за имплементацијата на Рамковниот договор за јавната набавка на лекот „ремдесивир“ прифатен за терапијата на Ковид-19.

Сето тоа ќе се изврши преку постапка за набавка со Договорот за заедничка набавка склучен со Европската комисија и обезбедување на финансиски средстава, информираат оттаму.

За испораката на овој лек, следните пет месеци државата ќе потроши 67.5 милиони денари.

Ова е соопштението на Владата на РМ:

„Со вториот заклучок во врска со оваа информација Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди во рамките на буџетот на Министерството за здравство за 2020 година, дополнителни 13.500.000 денари, за плаќање на лекот за месец октомври, додека останатите средства во износ од 67.500.000 денари, за исплата по сукцесивна испорака на овој лек за период од пет месеци, да се предвидат и обезбедат во буџетот на Министерството за здравство за 2021 година,“ се вели во соопштението на Влада.




Спонзорирани линкови

Маркетинг