„Душата боли, а умот има милион прашања. Знам дека веќе не сум иста“: Сопругата на Тони Михајловски искрено за борбата со канцерот

Точка

27/10/2020

23:17

16.948

Големина на фонт

а а а

41-годишната Александра Јорева Михајловски, сопругата на познатиот актер Тони Михајловски, пред неколку денови на својот Фејсбук профил си ја отвори душата и раскажа сè што поминала во борбата против канцерот.

Јорева објаснува дека на денешен ден пред една година била примена во Аџибадем Систина за целосна хемотерапија.

„Денес е мојот 1 роденден како сум чиста од канцер! Благодарна на бога и на мајкичка богородичка? Ви благодарам што постоите луѓе!“, пишува Александра. 

Таа повикува на љубов и грижа за сопственото здравје, бидејќи, ако навреме ги забележуваме знаците кои нѝ ги испраќа нашето тело, многу работи може навреме да се спречат.

„Сакајте се чувајте се, правете контроли и навремено реагирајте, телото ни кажува многу работи само треба да го слушаме. Затоа што борбата е тешка, душата боли а умот има милион прашања. Знам дека не сум веќе иста никогаш и нема да бидам и ваква се сакам повеќе! Да бидеме живи и здрави уште бар 100г.“, вели сопругата на Михајловски.

На 24.10.2019 година во Acibadem Sistina Hospital на генеколошко акушерскиот оддел бев примена за целосна хитерктомија...

Posted by Aleksandra Joreva Mihajlovski on Сабота, 24 октомври 2020



Спонзорирани линкови

Маркетинг