Жерновски ќе раководи со Железници, Макрадули нов директор на Македонска Пошта

Точка

27/10/2020

12:55

3.842

Големина на фонт

а а а

Поранешниот заменик министер за надворешни работи и поранешен градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, ќе биде новиот директор на ЈП за Железничка инфраструктура.

Во моментот со претпријатието раководи Фестим Халили од редовите на ДУИ. Како што пренесува „ТВ21“, се очекува во наредниот период Владата да го предложи на Управниот одбор, а потоа Жерновски да биде избран за нов раководител. 

Исто така се очекува уште еден заменик министер од претходната влада да стане директор на јавно претпријатие. Станува збор за поранешниот заменик министер за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули кој ќе биде новиот директор на Македонска пошта.


Досегашниот директор, Ејуп Рустеми од редовите на ДУИ ќе биде назначен за директор на ЈП „Државни патишта“. Ваквата информација пред една недела ја потврди премиерот Зоран Заев.

Рустеми во ЈП „Државни патишта“ ќе го замени Зоран Китанов од СДСМ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг