Сопругата на ерменскиот премиер оди на фронт во Нагорно Карабах, се пријавила на обука со уште 13 жени

Точка

27/10/2020

10:16

2.592

Големина на фонт

а а а

Ана Хакобијан, сопругата на премиерот на Ерменија Никол Пашинјан, објавила дека по воената обука, таа и уште 13 жени, ќе заминат во Нагорно-Карабах.

"Од утре, одред од 13 жени, вклучувајќи ме и мене, започнува со воена обука. За неколку дена тргнуваме да помогнеме во заштита на нашите граници. Ни нашата татковина ни нашето достоинство нема да потклекнат пред непријателот", напишала во понеделникот таа на својот профил на Фејсбук. 

Кога било објавено дека синот на ерменскиот премиер, Ашот Пашинјан, исто така оди на фронт, Ана Хакобијан изјавила дека нема ништо поблагодарно од тоа да се даде својот живот за татковината.

"Му кажав: "Да сине, облечи униформа и оди. Јас те обожувам, но нема ништо поблагодарно од тоа да се даде животот за татковината". Не знаев каква ќе биде ситуацијата таму, и дали ќе можеме да се слушаме. Тој ден не отиде, но беше одреден ден за негова регрутација", нагласила тогаш Хакобијан на Фејсбук.




Спонзорирани линкови

Маркетинг