Милик побарал трансфер

Макфакс

26/10/2020

15:23

911

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Наполи, Аркадијуш Милик, нема намера да го чека крајот на сезоната за да може да се пресели во Јувентус, туку сака во зимскиот преоден рок да си најде нов клуб.

Договорот на 26-годишниот напаѓач со Наполи истекува на 30 јуни наредната година. Наводно тој веќе имал договор со Јувентус по завршувањето на сезоната да се пресели во Торино. Милик тогаш ќе биде слободен играч и Јувентус не би платиле ниту цент за неговиот трансфер.

Милик сигурно до јануари нема да одигра ниту еден натпревар за Наполи, бидејќи клубот не е регистриранз а дуелите во Серија А и Лига Европа. На полскиот репрезентативец му е јасно дека доколку остане во Наполи ситуацијата нема да се смени до јуни, што е долг период без фудбал за напаѓач кој сака да се наметне во репрезентацијата пред ЕП.

Евертон и Тотенхем не го кријат интересот за Милик. Ќе се обидат да го реализираат трансферот во зимскиот преоден рок.

Милик од 2016 година е во Наполи, неговиот трансфер од Ајакс изнесуваше 33 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг