Караџовски: Јас и мојата фамилија не сме корумпирани, ниту мафијаши

Точка

26/10/2020

15:19

3.185

Големина на фонт

а а а

Јас и мојата фамилија не сме корумпирани и не сме мафијаши, особено не се продаваме за ситни пари, рече доктор Караџовски.

На денешната прес конференција, претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Караџовски, рече дека е за строги мерки, бидејќи имал искуство во ЈНА каде се знаело што е ред.

Тој зборувал и за обвиненијата дека добивал големи пари и дека е мафијаш.

"Јас и мојата фамилија, ниту некогаш сме биле, ниту некогаш ќе бидеме мафијаши, ниту корумпирани. Најмалку не се продаваме за ситни пари како што сака некој да прикаже", вели докторот.

Доктор Караџовски потоа додаде:

"Не дозволувам некој да си игра со нашите фамилии со навредите вперени кон мене и комисијата. Не давам влакно да и фали на комисијата. Таму има професионалци со 30 години искуство. Таму има луѓе кои имаат свои семејства и не дозволуваме некој да не прави мафијаши и корумпирани. Ми кажаа дека имам баснословни пари. Имам автомобил, ене го онде паркиран, кој е стар 18 години. Имам двособен стан, а не хациенда како што се пишуваше."

Караџовски рече и дека се работи до последните капки пот и дека нема да го остави населението на цедило.




Спонзорирани линкови

Маркетинг