Патник ја претепал кондуктерката бидејќи му рекла да стави маска: Дури му позајмила една, но...

Точка

24/10/2020

22:58

4.094

Големина на фонт

а а а

Безбедносните камери поставени во еден од автобусите во покраината Краснојарск, снимиле како еден патник ја удрил кондуктерката во главата, бидејќи му рекла дека мора да носи заштитна маска.

Мажот влегол во возилото, но не носел маска, па кондуктерката му дала една.

Меѓутоа, изгледа дека целиот процес него не му се допаднал, па пред да се симне на својата станица, ја удрил жената по главата.

Таа не му останала должна, па тргнала кон него и сакала да му возврати, но тој ја удрил неколкупати со нога. Останатите патици сето тоа го набљудувале во неверување. Кондуктерката била испратена во болница, но не се здобила со потешки повреди.

Руската полиција потоа соопштила дека после три дена насилникот бил уапсен и дека му е одреден притвор од 13 дена.

Гувернерот на Краснојарск, Александар Ус, ги заострил мерките за борба против коронавирусот и на затворен, но и на отворен простор. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг