Медведев загрижен поради обидот наместо ОН да се создаде "Клуб на демократски нации"

Точка

24/10/2020

19:07

2.051

Големина на фонт

а а а

Обидите да се поткопа улогата на ОН и наместо нив да се создаде "Клубот на демократски нации” е нешто што поттикнува на внимателност, таквите идеи може да водат кон тензии на меѓународната сцена и директни судири", оценил заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

"Посебно внимание привлекуваат обидите да се поткопа улогата на ОН и да се направи некакво друштво, Клуб на демократски нации. Такви видови на идеи не го обединуваат, туку го делат човештвото, придонесуваат за зголемување на танзиите на меѓународен план и на крајот и предизвикуваат директни судири", напишал Медведев во авторската статија по повод 75-годишнината од основањето на Обединетите нации. 

Медведев навел дека ОН се формирани на база на концепција на човекови права и соработка меѓу државите и имаат хуман карактер, и дека денес идејата за човекови права е во центарот на вниманието на Обединетите нации: од екологија, до заштита на лични податоци, сајбер безбедност и био-технологија.

Никакви други меѓународни организации, а посебно не воени алијанси, не можат да го потресат монополот на органите на ОН за изразување на слободната волја на светската заедница.

"Ерозијата на одговорноста за глобалната безбедност, обидите на различни организации и некои држави да етикетираат други држави и влади, да одлучуваат за судбината на светот, неизбежно ќе не врати децении наназад", заклучил Медведев.




Спонзорирани линкови

Маркетинг