Докторите овој зачин го нарекуваат „убиец“: Се става речиси во секое јадење, но може да ја предизвика оваа болест

Точка

24/10/2020

17:55

7.808

Големина на фонт

а а а

Малкумина знаат дека ова растение изобилува со витамин кој што може да биде фатален за луѓето кои што патат од кардиоваскуларни болести.

Витаминот К го поттикнува згрутчувањето на крвта, поради што многу е важно луѓето кои што патат од кардиоваскуларни болести да внимаваат кога го консумираат.

Руската докторка Елена Малишева овој нутриент го нарекла „убиец“ затоа што може да предизвика тромбоза, а тоа пак може да предизвика инфаркт, белодробна емболија...

Тромбозата е еден од најчестите предизвикувачи на смрт кај пациентите.

Под тромбоза се подразбира создавање грутки во кртва во вените на нозете. Како последица на згрутчените крвни садови отежнат е и протокот на крвта која што треба да се врати во срцето. Кога вената целосно ќе се запуши, низ неа воопшто не поминува крвта.


Поради слабата циркулација во вените крвта протекува поспоро, а понекогаш доаѓа и до застој на протокот. Оваа болест често се поврзува со годините на луѓето, неактивниот начин на живот, исхрана и постоечки кардиоваскуларен проблем. А, особено е важно оние кои што консумираат антикоагуланси (разредувачи на крв), да внимаваат.

Овие лекови помагаат во борбата против создавање на крвни грутки, меѓутоа постојат супстанци кои што го блокираат нивниот ефект.

Најопасен од нив е обичниот магдонос. Содржи многу витамин К, кој што може да го поттикне згрутчувањето на крвта.

„Кога крвните грутки ќе се формират во крвните садови и нема да се „растворат“, тоа може да доведе до фатални последици“, изјавила Елена Малишева.




Спонзорирани линкови

Маркетинг