Последната дебата меѓу Трамп и Бајден ја следеле 63 милиони луѓе

Макфакс

24/10/2020

12:02

572

Големина на фонт

а а а

Последната дебата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателскиот кандидат на Демократската партија, Џо Бајден, што се одржа пред два дена, ја следеле околу 63 милиони луѓе.

Првично беше објавено дека дебатата ја следеле 55,2 милиони луѓе, но во тој број не биле вклучени гледачите на кабелските мрежи.

Претседателските избори ќе се одржат на 3 ноември.

Најгледаната претседателска дебата во историјата на САД се одржа во 2016 година помеѓу Трамп и Хилари Клинтон, а ја следеа 84 милиони гледачи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг