„Луѓето не сакаат постојано да носат маска, Џо“: Американците бесни поради коментарот на Бајден во врска со пандемијата

Точка

23/10/2020

15:30

2.693

Големина на фонт

а а а

Дебатата помеѓу кандидатите за нов претседател на САД, републиканецот Доналд Трамп и демократот Џо Бајден, ја обележа бурна расправија за пандемијата на коронавирусот, а една изјава ги разбесни корисниците на социјалните мрежи.

Критикувајќи го Трамп и неговите потези во врска со пандемијата, Бајден им порачал на луѓето да носат заштитни маски постојано.

„Убеден сум дека сите луѓе треба да бидат охрабрени да носат маска во секое време“, рекол Бајден за време на презентацијата на неговите потенцијални планови за искоренување на коронавирус. Тие планови вклучуваат, како што навел, побрзо тестирање и враќање на економијата на нозе.


Трамп го исмејал Бајден поради постојаното носење заштитни маски. Бајден и на дебатата пристигнал со маска, додека Трамп не ја носел својата. Додека зборувал дека заштитните маски треба да се носат постојано, Бајден ја ставил својата на лице.

Таа негова изјава ги загрижила корисниците на социјалните мрежи, кои веќе се уморни од задолжителното носење маски во многу земји во светот.

„Да бидам искрен, веројатно би требало да носам маска и додека извршувам физиолошка потреба“, „Хм, луѓето не сакаат постојано да носат маски, Џо“, „Ковид-планот на Џо: маскаманија. Маски постојано. Маски, маски, маски“, се само дел од коментарите на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг