Уапсен тинејџер кој планирал да го убие Бајден: На интернет ја пребарувал неговата домашна адреса, во комбито му пронашле оружје и експлозив

Точка

23/10/2020

15:04

1.882

Големина на фонт

а а а

Тинејџер кој бил уапсен во мај во Северна Каролина, судејќи според записниците од судот, планирал да го убие демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден.

Во судските документи објавени во четвртокот, се наведува дека истрагата покажала дека 19-годишниот Александер Хилел Трисман ја пребарувал домашната адреса на Бајден на интернет, како и дека посетил ресторан оддалечен само неколку километри од домот на поранешниот американски потпретседател. 

Тинејџерот исто така направил листа на која се споменува името на Бајден, а истата завршувала со „да се убие“.


Во комбито на Трисман било пронајдено оружје, експлозив, неколку возачки дозволи, стотина илјади долари во кеш како и книги со инструкции како да се направи бомба.

Полицијата сооштила дека во компјутерот на осомничениот била пронајдена и детска порнографија како и преписки со други лица во кои наводно говори дека планира да го убие Џо Бајден.

Тинејџерот моментално се наоѓа во притвор и се соочува со обвиненија за детска порнографија, а како што наведува „РТ“, против него се собираат и докази во врска со Бајден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг