Еве како да направите прави, домашни ванилици: Сочни, меки и полни со џем!

Точка

22/10/2020

22:59

2.190

Големина на фонт

а а а

За виенските ванилици се тврди дека настанале по англиски рецепт!

Она што е сигурно е дека ова се совршени мали колачиња, омилени на 'половина свет'.

Состојки:

- 250 гр. путер
- 50 гр. шеќер во прав
- 250 гр. брашно
- џем по избор 

За кремот:

- 100 гр. путер
- 200 гр. шеќер во прав
- 1 ванилен шеќер 


Подготовка:

Изматете го пенасто путерот со шеќерот, па додадете го брашното. Во тава ставете хартија за печење и со 'шприц' формирајте полни кругови (да немаат шуплина во средина).

Печете 13-15 минути, на температура од околу 180 степени, додека не добијат златеникава боја. Вадете ги внимателно и оставете ги да се изладат. Половина од вкупниот број бисквити намачкајте ги со џем по желба, па лесно со шприцот нанесете го кремот од ванила.

Внимателно притиснете со другите, 'празни' бисквити, за да добиете 'сендвич'. На крајот посипете шеќер во прав.




Спонзорирани линкови

Маркетинг