Франција собори неславен рекорд: Дури 41.622 новозаболени во еден ден, бројот на хоспитализирани надмина 14.000

Точка

22/10/2020

22:37

1.039

Големина на фонт

а а а

Во Франција е забележан рекорден број на заболени во еден ден од почетокот на пандемијата - 41.622, соопштиле здравствените работници.

Вкупниот број на заразени во Франција се искачи на речиси еден милион. Тоа беше објавено непосредно откако премиерот Жан Кастекс рекол дека во земјата ќе биде воведен полициски час за повеќе од две третини од населението, предупредувајќи дека времето истекува и дека е потребно да се спричи ширењето на инфекцијата, за да се избегнат уште поостри мерки.


Во последните 24 часа биле хоспитализирани 847 пациенти, што е првпат од 6-ти април бројката да е поголема од 800 за еден ден.

Во болниците има 14.032 заболени од Ковид-19. Во последните 24 часа починале 162 лица, со што вкупниот број на жртви од коронавирусот пораснал на 34. 210.

Франција утре би можела да стане втората земја од Западна Европа во која се регистрирани повеќе од еден милион случаи на коронавирус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг