Карантинска криза во Италија: Зголемен бројот на корисници на психоактивни супстанци

Точка

22/10/2020

18:13

893

Големина на фонт

а а а

Рекреативното користење на психоактивни супстанци било зголемено откако прв пат бил укинат карантинот во Италија, соопштил денеска Здравствениот институт "SNAP".

"SNAP" регистрирал 33 нови психоактивни супстанци кои се користеле во периодот од мај до октомври, пренесува "ANSA". 

Тоа е три пати поголем број на супстанци во однос на истиот период минатата година, а податоци за користење на дрога немало во текот на карантинот.

Меѓу новите видови на дрога кои почнале се повеќе да ги користат Италијанците се синтетичките канабиоди MDMB-4en-PINACA и 4-МДМ-БИНАЦА, кои во Европа станале предмет на интензивна истрага поради здравствените ризици кои можат да ги предизвикаат.

На процената на штетноста од овие опијати работат експерти од европскиот Комитет за зависност од дрога.

Италијанскиот анти-токсичен центар, "Фондација Салваторе Муџери" во Павија исто така пријавил зголемен број на труење со дрога која неодамна се појавила во Италија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг