Синот на Бајден е педофил? Шокантно откритие на адвокатот на Трамп

Точка

21/10/2020

16:15

2.286

Големина на фонт

а а а

Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп, Руди Џулијани изјави дека на лаптопот на синот на Џо Бајден биле пронајдени непримерни фотографии со малолетни девојчиња.

Во емисијата „Њузмакс“, Руди Џулијани покажуваше пораки во кои Хантер Бајден на својот татко му кажувал за врската со Хели Бајден која инаку е вдовица на неговиот брат.

Според пораките кои ги покажа Џулијани, Хантер наводно му напишал на својот татко дека Хели го обвинува за непримерно однесување со малолетнички. Имено, на Хели не ѝ се допаднало тоа што Хантер на „Фејстајм“ разговара со 14-годишно девојче.

Адвокатот откри дека покрај пораките, во лаптопот на синот на Џо Бајден биле пронајдени и „бројни други фотографии на малолетни девојчиња“. Џулијани порача дека сите материјали ѝ биле предадени на полицијата.

Преписката станала достапна, откако сопственикот на сервисот, каде што бил пронајден лаптопот на кандидатот на Демократите за претседател, направил копија од хард дискот која му ја предал на Џулијани.

Американските медиуми пренесуваат дека сега лаптопот и хард дискот биле запленети од ФБИ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг