Снимка од крштевка ја згрози јавноста: Свештеникот го малтретирал бебето, родителите му викале да престане

Точка

22/10/2020

00:52

18.219

Големина на фонт

а а а

Мајката на дете кое се крстело во неделата во Лимасол, Кипар најавила тужба против свештеникот кој ја оддржувал церемонијата на крштевање бидејќи бил исклучително груб кон бебето.

Тој агресивно го потопувал бебето во водата, а тоа постојано плачело, а по церемонијата било полно со модринки по целото тело. На видеото се забележува како мајката во еден момент се тргнува настрана бидејќи не можела да го гледа таквото мачење, а свештеникот упорно одбивал да престане. 

„Викавме по него, му велевме да престане, а тој само кажа: 'Јас така крштевам, оставете ме да си ја завршам својата работа' и продолжи. Свештеникот нѝ го уништи најубавиот ден, а бебето го однесовме на лекар и 24 часа по инцидентот се уште беше во шок“, раскажала мајката Нтина Шита, која го објавила шокантното видео на својот Фејсбук профил.

„Сум крштевал многу деца. Кога забележав дека детето е под стрес, настојував да го завршам ритуалот што побрзо“, изјавил свештеникот за кипарските медиуми, но ниту извинувањето нема да го спаси од тужба на родителите против него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг