Во Скопје санкционирани 509 возачи: 75 за пребрзо возење, 66 технички неисправни возила

Макфакс

21/10/2020

10:09

459

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.10.2020) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 509 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 75 прекршоци, 66 мерки за технички неисправни возила, 41 за некористење на сигурносен појас, 91 за непрописно паркирање, 74 возила подигнати со специјално возило „пајак“ и 44 казни за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг