Русија го забрзува производството на вакцината „Спутник V“, еден и пол милион дози во декември

Макфакс

20/10/2020

15:39

378

Големина на фонт

а а а

Производството на вакцината „Спутник V“ против коронавирусот во Русија може да се зголеми пет пати во споредба со октомври оваа година, соопшти министерот за економски развој Денис Мантуров, објавија руските медиуми.

Што се однесува до количината, ние не ги сменивме параметрите. До крајот на месецот сакаме да достигнеме обем од околу 300 000 дози, во ноември – околу 800 000 и да се приближиме до 1,5 милион во декември, рече Мантуров во интервју за „Русија 24“, пренесува „Спутник“.

Минатата недела министерот објави дека напролет обемот на производство на вакцината „Спутник V“ во Русија може да се зголеми до 15 милиони дози месечно.

Вакцината, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеј“, доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство на 11 август, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот.

Моментно во тек се пострегистрациски испитувања на вакцината во кои учествуваат 40.000 волонтери, а првите резултати од пострегистрациските испитувања се очекува да бидат објавени во октомври-ноември 2020 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг