Бегството кратко траеше: Полицијата го уапсила данскиот пронаоѓач кој е осуден за убиство на новинарка

Точка

20/10/2020

14:46

2.341

Големина на фонт

а а а

Данската полиција го уапсила пронаоѓачот Петер Мадсен, кој е осуден на доживотен затвор поради убиството на шведската новинарка Ким Вал, по неговото краткотрајно бегство од затвор.

Данската полиција претходно соопштила дека во предградието на Копенхаген е уапсено лице кој побегнало од затвор. 

Апсењето било извршено во близина на затворот во кој Мадсен служел казна.

Мадсен е уапсен на 11-ти август 2017-та година, кога од подморницата излегол без Вал, со која ден претходно влегол во истата на пристаништето во Копенхаген.

Кон крајот на истиот месец биле пронајдени делови од телото на Вал, откако водата на брегот во Копенхаген го исфрлила торзото за кое полицијата открила дека и припаѓа на шведската новинарката.

Властите нешто подоцна ги пронашле и останатите делови од телото на Ким Вал.

Данскиот пронаоѓач првобитно изјавил дека Вал излегла жива од поморницата, за подоцна да признае дека е мртва, тврдејќи дека се случил несреќен случај во подморницата.

Меѓутоа, судот утврдил дека тој е виновен за нејзината смрт.

Мадсен,кој развил подморница и ракета со сите сили се обидувал да докаже дека се работи за несреќен случај, се обидел да добие менување на изречената казна, но не поднел жалба на пресудата.

Неодамна во еден документарец ја признал вината.

"Постои само еден виновник и тоа сум јас. Освен на тој 10-ти август 2017-та година, никогаш никого не сум повредил", рекол во документарецот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг