Народен лек за штитна жлезда и забрзување на метаболизмот: Може да го направите сами – ова е рецептот

Точка

20/10/2020

10:20

2.760

Големина на фонт

а а а

Луѓето во минатото обожувале ликер од зелени ореви. Добро знаеле дека тој е поделотворен од многу останати лекови.

Оревите лечат различни заболувања, а исклучително помагаат и во проблемите со штитната жлезда, грлото, респираторните патишка како и бронхитис, но исто така тие го зајакнуваат имунитетот.

Народната медицина препорачува ореви за лечење анемија, но и како прва помош за стомачни тегоби и за забрзување на метаболизмот.

Незрелите ореви, чија средина е се уште мека, а лушпата не е тврда, богати се со витамин Ц и јод. Токму тоа помага кај стабилизирањето на работата на штитната жлезда, односно хипотиреоза. Исто така ликерот помага и кај дијареа, надуеност, згрченост и желудочни инфекции.


Подготовка на ликерот:

- 12 млади зелени ореви
- 400 грама шеќер (може да користите и мед)
- 1 литар домашна ракија 

По желба може да додадете 4 каранфилчињ или 4 зрнца кафе, лимон или портокал во однос на тоа каква дополнителна арома сакате.


Оревите прво добро измијте ги и извадете ја кората. Исечете ги на половина. Лимонот или портокалот исечете ги на кругови, па во поголем стаклен сад ставете ги заедно со ракијата, шеќерот, додека не се стопат.

Откако ќе провријат ставете ја течноста во шише и оставете на сонце околу 40 дена. Секојдневно помалку протресувајте го шишето, но без да го отворате.

По 40 дена, ликерот процедете го низ газа, а потоа ставете го во друго шише и држете го на темно место.




Спонзорирани линкови

Маркетинг