Венко Филипче: Ситуацијата е сериозна, постојат мини жаришта, следен чекор е полициски час

Точка

19/10/2020

14:12

6.924

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска им се обрати на медиумите околу новата ситуација со коронавирусот во нашата држава.

Капацитетите во болниците постојано се пополнуваат, а инфективните одделенија во Струмица, Куманово, Штип и Кочани веќе се исполнети до крај. Нема место ни во болницата во Прилеп, рече министерот Филипче. 

Комисијата за заразни болести утре ќе и предложи нови мерки на Владата. Ќе се предложи сите економски оператори да работат до 23 часот, капацитетот на јавниот превоз да се ограничи на 50 проценти, а работата во јавната администрација, судовите и општините да се одвива во смени, он-лајн или по систем на ротација.

Сето тоа би требало да го намали притисокот на јавниот превоз, смета Филипче.

"Ситуацијата е навистина сериозна. Следен чекор би било целосно ограничување на движењето, односно полициски час. Да собереме сили да го избегнеме тоа, доаѓаат уште поладни зимски месеци. Верувам дека граѓаните се веќе свесни, секој ден ги објавуваме статистиките. Ова е последниот чекор пред воведување полициски час", рече министерот.

Министерот нагласи дека постојат и мини жаришта, и додаде дека се следи целата ситуација околу новозаразените. Исто така уште еднаш апелираше на почитување на мерките.

"Повторно ќе кажам дека во моментов нема потреба за строги рестрикции на движењето. Најризични мини жаришта во моментов се градот Скопје и неколку околни општини, потоа Штип и Струмица. Ја следиме епидемиолошката ситуација во целата земја. Засега ќе нема рестриктивни мерки, и веруваме дека овие мерки дека ќе дадат резултат", рече Филипче.

Во болниците во Прилеп, Штип и во Струмица нема место за пациенти со ковид-19. Забрзано се пополнуваат и капацитетите на болницата во Гостивар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг