Ѝ испратил фотографија од половиот орган, нејзиниот одговор собрал 720.000 лајкови

Точка

17/10/2020

21:53

10.006

Големина на фонт

а а а

Една жена од Англија станала хит на интернет кога нејзиниот одговор на мажот кој ѝ испратил непосакувана фотографија од половиот орган, добил 720.000 лајкови на социјалните мрежи.

Имено, Александра Кури добила фотографија која никако не ја побарала, па одлучила грубо да се пошегува со испраќачот, но и да го исплаши.

Александра му испратила порака која делува како автоматска, во која пишува дека неговата IP адреса е проследена во полиција. Мано, мажот кој ја испратил фотографијата, испаничил и се обидел да го спречи тоа, а кога помислил дека не успеал, го избришал својот Твитер профил.

Во коментари и други жени ги споделиле своите совети за одбрана од вакви луѓе, па една Твитер корисничка напишала дека намерно ја исмејува фотографијата за да ја намали самодовербата на оној кој ја испраќа.

Едно истражување наведува запрепастувачки податок - дури 50 отсто од жените на интернет добиваат вакви фотографии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг