Поранешната прва дама на Франција за стареењето: „На 50 години конечно стануваш жена“

Точка

17/10/2020

15:54

2.957

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на излегување на нејзиниот нов албум, поранешната прва дама на Франција и некогашен модел, Карла Бруни, дала интервју за „Вог“ во кое, освен за музиката, зборувала и за стареењето.

52-годишната Бруни поминала низ многу животни промени за да дојде до она што е денес. Започна како манекенка, па набрзо заедно со Наоми Кембел, Клаудија Шифер, Синди Крафорд и останатите претставници на таа генерација, стана еден од супермоделите на 90-те.


Откако се докажа во модниот свет, Карла се сврте кон музиката – првиот албум го објави во 2002 година, а по бракот со Никола Саркози стана и првата дама на Франција. 

Во најновото интервју по повод излегување на нејзиниот нов албум, Бруни зборувала за многу нешта, а еден од најинтересните делови е оној во кој мајката на 2 деца зборува за стареењето.


„Верувам дека на 50 години конечно стануваш жена. Онаа млада девојка во тебе дефинитивно повеќе ја нема, а била тука до 50-от роденден, но во себе сè уште можеш да танцуваш како тинејџерка. 50 е бројка кога општеството ти вели дека дошол крајот – сега си возрасна. Онаа последна шанса да бидеш млада девојка веќе е исчезната“, изјавила Карла.



Спонзорирани линкови

Маркетинг