Фризерка покажала што може погрешен шампон да ѝ направи на вашата бојадисана коса

Точка

17/10/2020

12:28

1.721

Големина на фонт

а а а

Фризерката Рејчел Трач, направила експеримент со шампон од салон и шампон купен од продавница, па покажала нешто што изненадило многумина.

Секој кој ја бојадисува својата коса знае дека нејзиното одржување не е евтино, особено доколку одлучите косата да ја бојадисате во „похрабри“ нијанси.

Сопственичка на козметички и фризерски салон, Рејчел Трач, објавила видео на својот Фејсбук профил за да покаже дека евтините шампони може да ја уништат вашата бојадисана коса.

Таа направила експеримент со шампон од салон и шампон купен од продавница.


По додавањето на секој од шампоните во посебна чаша, Рејчел во секоја од чашите додала и бојадисан прамен од коса.

Кога праменот го додала во чашата каде што имало шампон од салон, водата не ја променила својата боја. Но, кога праменот го додала во чашата со шампон купен од продавница, водата станала светловиолетова.


Треба да се напомене дека „обичниот“ шампон кој што го користела не е посебно наменет за бојадисана коса.




Спонзорирани линкови

Маркетинг