Сончево со температура до 24 степени

Макфакс

17/10/2020

11:38

501

Големина на фонт

а а а

Времето ќе биде сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.

В недела во западните делови ќе има краткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време, ноќите ќе бидат студени, дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа во благ пораст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг