Народната банка поднесе кривична пријава против одговорните лица во Еуростандард банка

Макфакс

16/10/2020

16:28

2.070

Големина на фонт

а а а

Народната банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје.

Како што информираат од НБРМ, кривичната се однесува за предизвикување стечај на банката.

Истовремено, Народната банка до Јавното обвинителство предложила и преземање мерки што се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите.

Поради карактерот на постапката и почитувајќи ги надлежностите на Јавното обвинителство и правото на пресумција на невиност, во овој момент Народната банка не споделува подетаљни информации.

Костовски: Зад кривичните пријави за случајот со „Еуростандард“ стои Владата

Јас не знам против кого се поднесени кривичните пријави, бидејќи досега не сум добил никакви документи, но претпоставувам дека тоа е против нас двајцата акционери во банката, односно против мене и мојот син Коста Kостовски, изјави за Фактор еден од сопствениците на Еуростандард во стечај, Трифун Костовски.

За кривичните пријави прстот го вперува кон Владата, која вели дека кумува на овој процес на поднесување кривични пријави.

„Како можеше премиерот Зоран Заев на средбата со штедачите да најави кривични пријави, а еве денеска тоа излегува од Народна банка, значи дека тој бил информиран за ова. Од каде би знаел премиерот дека се подготвува кривична пријава“, вели за Фактор, Костовски.

Според него, оваа кривична пријава сигурно се оформила по налог на Владата.

Целата објава може да ја погледнете на Фактор.мк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг