Захариева: Бугарија е против разделување на Албанија и Северна Македонија на нивниот пат кон ЕУ

Макфакс

15/10/2020

17:17

1.053

Големина на фонт

а а а

Бугарија се спротивставува на разделување на Албанија и РС Македонија при почетокот на преговорите за членство во Европската Унија. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, по нејзината средба со албанскиот министер за надворешни рабоит, Гент Цакај, јави БГНЕС.

Захариева истакна дека бугарското малцинство во Албанија е богатство и уште една можност што Бугарија може да ја искористи за да ѝ помогне на Албанија.

„Бугарија изрази подготвеност да го поддржи изучувањето на бугарскиот јазик кај бугарското малцинство во Албанија со наставници и наставни материјали“, рече Захариева.

Таа истакна дека и покрај пандемијата на коронавирусот, трговијата меѓу Албанија и Бугарија е зголемена. Во таа насока, ќе се одржи состанок на заедничката бугарско-албанска комисија за натамошно зајакнување на економските односи. Захариева исто така рече дека врската меѓу двете земји е исклучително важна и се разгледува обновување на воздушната линија меѓу Софија и Тирана.

Цакај им се заблагодари на Бугарија и на бугарскиот народ за помошта што им ја даваат на патот кон ЕУ, како и за хуманитарната помош што им ја доделиле во тешките денови по смртоносниот земјотрес што ја потресе Албанија пред неколку месеци. Тој истакна дека Бугарија е една од првите земји што им се обратиле на помош на Албанците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг