Заев: Работиме на проблемот со Бугарија, желба ми е наскоро да ја посетам Софија

Макфакс

15/10/2020

15:54

874

Големина на фонт

а а а

На проблемот со Бугарија се работи и кога ќе има излезни решенија ќе ги соопштам, истакна денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој потсети дека на 10 ноември ќе се одржи состанокот на Берлинскиот процес со кој годинава заедно копретседаваат Северна Македонија и Бугарија, но очекува Софија да ја посети пред настанот.

„Сакам да ја посетам Бугарија и не го кријам тоа што е моја желба, првата моја официјална посета од соседните земји да биде Република Бугарија заради пријателството, заради тоа што првиот мандат почна така и веруваам дека големи успеси на државата се прокнижија во целиот овој период и верувам дека тоа ќе се случи“, истакна Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг